Вардарки со победа над Митјиланд можат да обезбедат место на Ф4

Македонскиот ракометен шампион во женска конкурнција ЖРК Вардар СЦБТ денеска (18.15 часот) ќе го одигра четвртиот натпревар во главната фаза во Лигата на шампионите на гости кај данскиот Митјиланд.
Митјиланд, беше совладан пред 11 дена на првиот натпревар во Скопје, со 24:23. Меѓутоа, најдобриот стрелец во “црвено-црниот” сезонава во Лигата на шампионите Андреа Лекиќ, очекува неизвесен натпревар, на кој клучна ќе биде играта во одбрана.

“Ова ќе биде најтешко гостување, а за тоа говори и фактот што тука ги совладавме со еден гол разлика. Мислам дека екипата на Митјиланд според кавлитетот што го поседува, заедно со нас е најсериозен кандидат за место на “фајнл – фор” во оваа група. Сепак и до сега се покажа дека нема фаворити во оваа група, и дека секој може да победи секого. Очекувам тежок натпревар и цврсто темпо на игра од првиот до последниот момент” , изјави Лекиќ.