Македонскиот ракометен шампион во женска конкуренција ЖРК Вардар СЦБТ со победата против Савехоф го обезбедија првото место на табелата во групата 1 од главната фаза во Лигата на шампионите, што значи дека во полуфиналниот натпревар на фајнлфор турнирот во Будимпешта ќе игра против Будуќност.
Црногорскиот шампион во чии редови настапува македонската репрезентативка Елена Ѓеоргиевска, заврши како второпласиран во групата 2, отако Ѓер го совлада Ларвик со 31:29 (14:12) и се искачи на првото место. Според тоа, Ѓер во полуфиналето ќе играпротив Митјиланд.
Полуфиналето се игра на трети мај додека финалниот натпревар и мечот за третото место се на програмата на четврти мај.