Ќебенце, добар филм, уште подобро друштво и варено вино со неодолив мирис на цимет кој се шири низ домот, одлична комбинација за забава во студените зимски ноќи.
Традицијата пиење на вареното вино потекнува од Северна Европа, каде што почнало да се консумира уште од Средниот век. Од Шведска, преку барбарските племиња, овој напиток се проширил во Римското царство, а потоа и во нашите краеви.
Рецепт за одлично варено вино:
1 литар црно вино
200-300 мл вода
150 гр шеќер
8 парчиња каранфилче
1 стапче цимет
Во водата се раствора шеќерот, циметот и каранфилчето се ставаат во вода и се варат, се додека половина од водата не испари. Потоа се додава виното и се грее до вриење. Се служи во топли чаши.
На здравје!