Вариво со пилешко е здраво и вкусно јадење и ќе ви помогне да ги внесете сите потребни витамини, минерали протеини за со енергија да го завршите остатокот од денот.
Состојки
Половина пиле
1 главица кромид
1 чешне лук
1-2 свежи пиперки
1 поголем морков
1 корен целер
неколку поголеми листови кељ
шери домати
3 средни компири
магдонос
малку ориз
сол,
пиперка
вегета
1 лаж пченка
Подготовка:
Месото одвојте го од коската и кожaта и исечкајте го на парчиња, кељот исечкајте го на ленти, а лукот исечкајте го на мали кокцкички.
На малку масло издинстајте го кромидот, додадете ги ситно исечканата пиперка и лукот.Попржете ги се додека не испари течноста од месото.
Кога месото ќе се издинста додадете го остантиот зеленчук, една лажица пченка малку измешајте и додадете ја водата од вареното месо. При крај додадете ја вегетата и според вкус зачинете.
Состојки:
400 мл слатка павлака
25 гр маскарпоне сирење
5 лаж. кафеав шеќер
0,5 мл рум
400 мл сварено и оладено кафе
30 гр пишкоти
2 лаж. какао
путер за подмачкување
густин (по потреба)
Подготовка:
Измешајте слатка павлака, маскарпоне, рум, шеќер се додека не добиете крем. Ако не ви е доволно згустена смесата, додадете малку густин. Тавката подмачкајте ја со путер, пишкотите потопете ги во кафето и наредете ги една до друга.
Наредентите пишкоти прекријте ги со крем. Повторно наредете пишкоти потопени во кафе.Завршете ги со останатиот крем и посипете ги со какао во прав (низ цедалка за чај).
Пред да го послужите колачот оставетего во фрижидер барем 3-4 часа.