Вартоломеј со Ципрас, Павлопулос и Јеронимос расправале за статусот на МПЦ

Статусот на МПЦ била една од главните теми на средбите кои Вселенскиот патријарх Вартоломеј денеска ги оствари со поглаварот на Грчката Православна Црква Јеронимос, претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос и премиерот Алексис Ципрас.
Веднаш по средбата грчките медиуми го пренесоа и заклучокот од средбите каде било констатирано дека Вселенската патријаршија е задоволна од текот на преговорите со Македонската црква.

Грчката ТВ ЕРТ пренесувајќи и дел од средбите и изјавите наведува дека Патријаршијата го изразила задоволството од развојот на односите со црквата на ПЈРМ и дека изразува исто така задоволство околу барањето таа да влезе во семејството на останатите православни цркви под името Охридска Архиепископија, според сите канонски правила.

На средбата со Вартоломеј, Павлопулос во изјавата која ја пренесе грчката ЕРТ, изјави дека ја поддржуваат патријаршијата во сите чекори кои ќе ги преземе.

По средбата со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј ги поздравува(м) напорите на Патријаршијата за позитивно решавање на црковниот спор и разликите меѓу Грција и ПЈРМ, изјави Ципрас.