Според Варуфакис договорот е направен да не успее

Според поранешниот грчки министер за финансии Јанис Варуфакис договорот е направен да не успее.

Варуфакис, кој поднесе оставка веднаш по спроведувањето на Референдумот во Грција, во интервју за Интернет страницата „ПресПроџект“ објасни зошто гласал „да“ за вториот пакет реформи, на денешното гласање во грчкиот Парламент.

– Мојата цел е, и покрај несогласувањето со нашето дејствување по меморандумот, одржување на единството на Сириза, поддршка за Алексис Ципрас и Еуклид Цакалотос, рече Варуфакис.

Како што пренесува МИА, Варуфакис во интервјуто изразил сигурност дека неговиот глас „нема да и помогне на Владата кон заедничката кауза“.

–  А тоа е поради договорот на евро самитот, кој ги вклучува овие две мерки, и кој е направен да не успее, истакна тој.

Тој објасни дека гласал „да“ за да и’ помогне на партијата да добие на време „за да може да го планира новиот отпор кон авторитаризмот и продлабочување на кризата“.

Варуфакис: Нема да бидам во Парламентот, кога ќе се гласа за новиот предлог
Варуфакис: Нема да бидам во Парламентот, кога ќе се гласа за новиот предлог

Инаку, денес Грчкиот парламент го изгласа вториот пакет реформи од Договорот, по што можат да почнат преговорите со кредиторите за третата помош. Вкупно 230 пратаеници гласаа против, од кои 36 беа од Сириза. Во Грција се коментира дека ова сепак е помала бројка од минатата недела кога 39 пратеници на владејачката партија гласаа против првиот пакет реформи. Познавачите коментираат дека „се на се, Ципрас е во сосема истата тешка позиција како што беше пред гласањето“.

Варуфакис договорот го оцени дека е направен за да не успее. Поранешниот министер за финансии на Грција откако поднесе оставка се почесто говори дека излегувањето на земјата од еврозоната е однапред предодредено.

 

Некои од овие изјави погледнете на следниот линк.