![sad-mk-960x538](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/06/sad-mk-960x538.jpg?resize=696%2C390&ssl=1)
Американската Влада излезе со став во однос на неизвесноста околу започнувањето на преговорите меѓу Македонија и ЕУ за членство во Унијата, по неуспешниот Самит ЕУ-Западен Балкан во Брисел.
За Вашингтон, веродостојноста на перспективата за проширување на ЕУ е животно важна за стабилноста и просперитетот на Западен Балкан.
-Сметаме дека кредибилитетот на перспективата на проширување на ЕУ е од животна важност за стабилноста и просперитеот на Западен Балкан, соопштија денеска за МИА од американскиот Стејт департмент.
САД укажуваат на тоа дека продолжува нивната поддршка за што е можно побрз почеток на пристапните преговори на ЕУ со Северна Македонија и Албанија.
На Самитот Западен Балкан-ЕУ вчера во Брисел, македонскиот премиер Димитар Ковачевски го отфрли таканаречениот „француски предлог“ во чија нацрт верзија за отварањето на преговорите, билатералните прашања меѓу две земји – Северна Македонија и Бугарија, се ставаат како услов во преговарачкиот процес за пристап на нашата земја во Унијата.