Вашингтон воведе санкции за поморски компании од Тајван и Хонг Конг

САД денеска воведоа санкции против три поморски компании со седишта во Тајван и Хонг Конг, поради сомнение дека прават бизнис со Северна Кореја, како и против лица обвинети дека и помагаат во Северна Кореја да ги заобиколи економските санкции на Вашингтон и ОН .

– Поморски компании кои работат со Северна Кореја се изложени на голем ризик од санкции и покрај нивните методи за прикривање на нивното работење, се вели во соопштението на Министерството за финансии на САД.

Се работи за компаниите Џуи Панг Шипинг, Џуи Зонг Шип Менаџмент и Џуи Ченг Шипинг.