Василевска: Заев ги понижува граѓаните и им ја одредува судбината

Оваа нелегитимна влада донесе низа неуставни, противзаконски и противдржавни акти и се обидува на насилен начин преку манипулација на македонските граѓани преку злоупотреба на системот на насилие и друг тип манипулации да дојде до практично уништување на македонската државотворна сила, а тоа е, пред сѐ, Уставот на Република Македонија, а потоа и законите кои јасно ги уредуваат коишто надлежности ги има Претседателот на Република Македонија, вели универзитетски професор и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Иванка Василевска во денешното гостување во емисијата „Алфаплус“ на ТВ Алфа.

Василевска потенцираше дека сегашниот премиер Зоран Заев преку телефонски разговори ја крои судбината на сите граѓани кои живеат во Република Македонија.

„Замислете ние денеска живееме во држава каде што таканаречениот премиер на владата Зоран Заев на ‘ало–ало’ диктира судски пресуди, на ‘ало–ало’ ветува брда и долина. На ‘ало–ало’ ја лаже и меѓународната заедница“, рече Василевска.

Додаде дека доколку СДСМ е толку самоуверена партија и ја претставува волјата на граѓаните, треба да излезат на предвремени парламентарни избори со една точка во политичките програми, а тоа е дали се „ЗА“ промена на уставното име на Република Македонија.

Според на, ткн „крвав четврток“ кој се случи во Собранието е исцениран настан, каде што сакало да се прикаже дека бранењето и сакањето на татковината е лоша навика на граѓаните. Василевска истакна дека притворените лица се патриоти и кои единствено што сакале и барале е да не се дозволи да се прави во државата нешто што не е замисливо, ниту, пак, познато во која и да е друга држава.