Ватикан соопшти дека го уапси дипломатот Карло Капела, кој е осомничен дека ширел детска порнографија.
Капела е отповикан од САД лани во август, по барање на државниот секретар на Ватикан, откако американскиот Стејт департмент го информираше дека еден нивни дипломат можеби ги прекршил законите кои се однесуваат на детската порнографија.
Полицијата во канадскиот град Виндзор соопшти дека Капела(50) наводно закачил видео со детска порнографија на една социјална мрежа додека бил во црква за време на божикните празници во 2016 година.
Ватикан тогаш соопшти дека ќе води посебна истрага и побара дополнителни информации од САД.