(ВИДЕО) „Наследство“, „Чувари“ и „Шитс Крик“ ги освоија главните награди Еми

Сериите „Наследство“, „Чувари“ и „Schitt’s Creek“ доминираа на годинешното доделување на наградите Еми кое поради коронавирусот се пресели во виртуелниот свет и во домашна атмосфера, понудувајќи им на ѕвездите од гламурозните фустани и смокинзци да се појават во пижами и тренерки.

„Наследство“, сочната серија на HBO за поделбите во семејство на медијски могул, ја освои наградата за најдобра драмска серија, а Џереми Стронг за најдобар актер, за улогата на синот губитник. Серијата ги доби и награддит за сценарио и за режија.

Најголемото изненадување на вечерта беше доделувањето на наградата за најдобра женска улога во драмска серија на 24-годипшната Зендаја, која во серијата „Еуфорија“ на HBO глуми тинејџерка зависничка. Фаворитку во оваа категорија беа Лаура Лини во „Озарк“ и Џенифер Анистон во „Утринско шоу“.

Примајќи ја наградата, Зендаја влезе во политичката сфера искажувајќи се со почит кон починатата либерална судијка на американскиот Врховен суд Рут Рејдер Гинзбург, која умре минатата седмица, и ги поттикна гледачите да се регистрираат за да може да гласаат на претседателските избори, со тоа алудирајќи на жестоката дебата во американското општество дали треба до пред изборите на 3-ти ноември републиканскиот претседател Доналд Трамп и Сентатот во кој републиканците имаат мнозинство да назначи нови врховен судија, со што конзервативците би ја зголемиле предноста во највисоката судска истанца во САД.

„Шит Крик“, е неочекуван хит на малата телевизиска мрежа Pop TV за богато семекство која е принуденот да живее во друтен мотел, освои најмногу награди – девет. Меѓу нив и за најдробра комична серија и оние за глума, доделени на канадските актери Кетрин О’Хара, Јуџин Леви, Даниел Леви и Ени Марфи.

Ова е првпат во историјата на Еми наградата комична серија да биде лауреат во сите седум категории.

Дистописката драма „Чувари“ на HBO, која е проткаена со расни теми, доби награда за најдобра мини-серија и најдобро сценарио. Неграденни се и Реџина Кинг, за главна женска улога, на полициска детективна, и Јахја Абдул-Матин Втора, за најдобра споредна женска улога.

Авторот на серијата Дејмон Линделоф ја посвети својата награда Еми на жртвите и оние кои го преживеале масакрот на црнечката заедница во Тусла во 1921 година.

Поради пандемијата на коронавирусот немаше црвен тепих, ниту публика, а доделувањето е емитуваше директно на телевизијата ABC. Продицентите испратиле сетови со камери и микрофони кај сите номинирани, низ целиот свет, а тие само бираа кога и каде публиката ќе ги види.

„Се чини фриволно и непотребно да се прават вакви работи во време на пандемија. Ова вечерва не е важно, нема да го сопре коронавирусот, ниту да ги изгасне пожарите, но е забавно, а забавата сега ни е потребна“, изјави водителот на доделвуањето Џими Кимел.