Вељаноски го коригира Пендаровски: Македонска државна делегација во „Св. Прохор Пчински“ го чествуваше АСНОМ и во 2009-та

Сепак, Претседателот на Македонија, Стево Пендровски, бил должен да знае дека последен пат на ова историско место бил Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски во 2009 година, а не така како што беше кажано, објави на социјалните мрежи поранешниот долгогодишен собраниски спикер.
Ракцијата на Вељановски е коментад на изјавата не шефот на државата кој во текот на денешното чествување на Илинден во манастирот „Свети Прохор Пчински“, кој од почетокот на 1950-те години е на српска територија, им се заблагодари на српскиот претседател Александар Вучиќ и на поглаварот на Српската правслававна црква, г.г Порфириј затоа што, како што рече, „ни овозможиле после 18 години пауза да дојдеме на ова свето место и да го одбележиме најголемиот македонски државен празник“.

„Освен тоа, протоколот на нашата држава наместо да прикажува нереални дипломатски достигнувања и наводни несекојдневни успеси, требало да биде информиран дека таблата пред која денеска се поклонија преставниците на нашата Држава, ниту е оригиналната табла, ниту таа е на местото на кое треба да стои!!!

Македонија поминала многу премрежија! Ќе го поминеме заедно и ова!

Честит Илинден Македонијо!“, пишува натаму Вељановски објавувајќи фотографија од настанот на кој во составот на државната делегација присустваа повеќе парламентарци на тогаш владејачката ВМРО-ДПМНЕ.