„Вечер“: Паркот во Ѓорче Петров ќе се урива, Наумоски дал маркица за зграда

 

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров Наумовски во својата предизборна кампања постојано потенцираше дека најважен дел од неговата програма е здравата животна средина.

Наумовски пред да стане градоначалник на жителите на Ѓорче Петров им ветуваше планска изградба на згради, нови зелени површини, а како еден од поголемите проекти во неговата предизборна програма беше темелно реновирање на централниот парк во општината.

-Кметот Наумовски и советниците на СДСМ на денешната седница на советот по предлог од Друштвото ДЕА- КОМ ДОО експорт-импорт Гостивар, донесоа одлука за промена на деталниот урбанистички план во Ѓорче Петров. Ќе се гради на површина од 14,43 ха, пишува ВЕЧЕР.

Ѓорчепетровци наместо исполнување на ветувањето и решавање на урбаниот хаос и обновување и зголемување на зелените површини ќе добијат нова зграда во централниот парк, дознава ВЕЧЕР.МК.