Откако лидерот на СДСМ и претседател на Владата, Зоран Заев, избегна телевизиски дуел со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва ќе се соочат ставовите на високи функционери на двете партии.
Во емисијата 360° на Телевизија Алсат, во којашто домаќин е Васко Попетрески, на маса ќе седнат потпретседателот на опозицискат ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, и заменик претседателката на владејачката СДСМ, Радмила Шекеринска.
Дуелот е закажан за 22 часот, а тема на разговор ќе бидат промената на името на државата, како и претстојниот референдум закажан за 30-ти септември.