„Вечер на графити“ на игралиштето Славија во Пржино

Општина Кисела Вода во сабота организира настан „Вечер на графити“ на игралиштето „Славија“ во Пржино.

На  настанот учество ќе земат младите жители од општината кои ќе имаат можност да ја изразат својата креативност и умешност преку изработката на графити.

Наведениот настан ќе биде збогатен и со присуство на Ди џеј кој што ќе придонесе учесниците и посетителите да се забавуваат за времетраењето на настанот.

Овој настан “Вечер на графити” општината и Градоначалникот, Билјана Беличанец Алексиќ го организираат како рефлексија на современиот начин на живеење со цел будење на креативниот дух кај младата популација, инспирирање на младите да направат нешто добро и позитивно од своето слободно време и поттикнување на дружењето помеѓу помладата популација како општествен феномен на кој во последно време младите посветуваат

многу мало внимание.