Серија земјотреси вечерва се регистрирани со епицентар во соседна Албанија. Дел од нив почуствувани и на територија на Македонија.
Според првичните информации на ЕМСЦ, земјотресите се регистрирани доцна вечерва со епицентар кој е на длабочина од 2 километри.
За среќа нема предизвикани материјални штети, ниту повредени граѓани, но поради опасност дел од граѓаните ноќта ќе ја поминат под отворено небо.
Последните регистрирани земјотрес се со јачина до 4 степени по рихтер.
Сеизмолозите смируваат додавајќи дека станува збор за редовна сеизмичка стабилност.