Еден од најпознатите мотоциклисти во светот, Валентино Роси, моментално е во Хрватска.
На Инстаграм-стори објави две фотографии од Хвар, а објавите на неговата партнерка, манекенката Франческа Софија Новело, откриваат дека го посетиле и Националниот парк Крка.
Убавата Франческа очигледно е воодушевена со Хрватска. Објавила неколку фотографии, покрај кои напишала:
„Едно од најдобрите искуства во мојот живот“.
Роси не е единствениот светски лик кој оваа година ја посетил Хрватска.
Од Хвар била воодушевена и ѕвездата на ријалити шоуто на „Нетфликс“, „Love is Blind“ – Џианина Гибели, која порачала дека би можела да живее таму.
Пред помалку од еден месец, во Дубровник слетал и Меџик Џонсон, кој така го исполнил ветувањето кое го дал минатото лето кога со луксузна јахта ги обиколил хрватските острови.