
Не можам да ги толкувам ни премиерот Зоран Заев, ни неговиот специјален советник во преговорите со Бугарија,Владо Бучковски зошто тие размислуваат поинаку. Тука постои политика на поделена личиност и тоа е провалено од соседството, тоа се провалува сега и од Брисел. Во тие политики една за дома, друга за надвор ја снижија позицијата на Македонија на меѓународната сцена. Бучковски како претставник на Заев го носи неговиот товар, рече Ивон Величковски, иницијатор на движењето „За нова Република” на гостувањето во емисијата Заспиј ако можеш на телевизија Алфа.
Величковски посочи на некои специфични моменти.
„Бучковски уште не стигнат во Бугарија, официјална Софија се повика уште еднаш на своите ставови, а Бучковски по стигнување во Софија признава дека е нарушена довербата, рече Величковски.
Според Величковски треба да се примени комплетно поинаков концепт од оној на СДСМ бидејќи политиката треба да се врати во институционална рамка.
-Изјавата на Заев е дадена во момент на нервоза, да, денес имаше видлива нервоза кај Заев која покажува дека е свесен што направи, без оглед на пиар обидите. Надлежните се обидуваат и да го внесат Белград во темата, се обидоа да воведат недоверба во Тирана. Македонија и Албанија со нова методологија и сите проблеми внатре во ЕУ јасно е што се случува и ние треба да покажеме дека разбираме, рече Величковски.
Според него многу е важно прашањето што се појави деновиве дали Македонија добила понуда и кој одбил влез во Европска економска зона.
-Нас за ова прво ни требаат детали. Прашање е дали било понудено како алтернатива или како основа за проближување во стандардите. Мора да расчистиме ако е замена за ЕУ одбивањето е правилно ако е меѓуфаза е во ред, рече Величковски.