Велика Британија ќе суспендира 30 дозволи за извоз на оружје за Израел

Велика Британија веднаш ќе суспендира 30 од своите 350 дозволи за извоз на оружје во Израел поради ризикот дека таквата опрема може да се користи за да се изврши сериозно кршење на меѓународното хуманитарно право, изјави во понеделникот министерот за надворешни работи Дејвид Лами, појаснувајќи дека тоа не е ембарго.

Набргу по победата на лабуристите, чие поранешно водство беше обвинуано за изразен анисемитизам и пред неколку години се повлече под ударот на жестоката кампања, на изборите во јули, Лами рече дека ќе ја разгледа продажбата на оружје на британскиот сојузник Израел за да се осигура дека тие се извршени во согласност со меѓународното право.

„Со жалење денеска го информирам Долниот дом дека поради оценката што ја добив, не можам да заклучам ништо друго освен дека за одреден (дел од) британски извоз на оружје во Израел навистина постои реален ризик тие да да се користи за извршување или олеснување на сериозни прекршувања на меѓународното хуманитарно право“, рече Лами.

Лами додаде дека најавената суспензија не значи целосна забрана за извоз или ембарго за оружје. Лами, исто така, рече дека Британија сè уште го поддржува правото на Израел на самоодбрана во согласност со меѓународното право.