Речиси 17.000 мигранти пристигнале во Велика Британија годинава откако го преминале Ламанш, јави ДПА.
Прекуграничните преминувања продолжија и денеска, што го означи првиот ден од август, откако вчера немало илегални преминувања.
Прелиминарниот број за оваа година изнесува 16.903, со повеќе од 1000 преминувања забележани во последната недела, покажуваат податоците на Министерството за внатрешни работи.
Оваа недела бројот на мигрантски преминувања достигна нов рекорд за првите седум месеци од календарската година.
Бројот на пристигнувања за 2024 досега е за 15 отсто поголем од истиот период лани (14,732), но за два проценти помал од истиот период во 2022 (17.169).
Портпарол на Министерството за внатрешни изјави дека преминувањата „ја поткопуваат пограничната безбедност и ги доведуваат животите во опасност“, додавајќи:
„Новата влада презема мерки за зајакнување на нашата гранична безбедност, воспоставувајќи нова команда за гранична безбедност која ќе ги обедини нашите разузнавачки и извршни агенции, опремени со нови овластувања против тероризмот и стотици персонал распоредени во Обединетото Кралство и странство, за да ги разбие криминалните шверцерски банди кои заработуваат милиони во профит“.