Резултатите од најновото истражување на лондонскиот весник Times покажуваат дека три четвртини од свештениците на Англиканска црква изјавиле дека Велика Британија повеќе не може да се опише како христијанска земја.
Од друга страна, речиси две третини (64,2 отсто) оцениле дека Велика Британија може да се нарече христијанска земја, „но само историски, не моментално“, додека 9,2 проценти од испитаниците одговориле со „не“.
Според податоците од пописот во 2021 година покажуваат дека процентот на луѓе кои се идентификуваат како христијани во Англија и Велс првпат е под 50 односно 46,2 отсто, со истовремен пораст на „нерелигиозни“ лица, чиј процент изнесува 37,5.
Истражувањето исто така откри дека повеќето свештеници сакаат црквата да одобри истополови венчавки и да се откаже од своето противење на предбрачниот и геј сексот.
Повеќе од 53 отсто од анкетираните свештеници поддржуваат црковни венчавки за истополови парови.