Министерството за надворешни работи на Велика Британија им препорачува на своите граѓани да не патуваат до Автономната Република Крим, а на оние кои се наоѓаат на нејзината територија, истата да ја напуштат, пренесе „РИА Новости“.
Во соопштението на министерството се вели уште дека конзуларни услуги за граѓаните на Велика Британија во Крим нема како да бидат спроведувани.