![trajko](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/04/trajko.jpg?resize=629%2C349&ssl=1)
За идните случувања во Собранието можее да се зборува од два аспекта, од правен легалистички и од политички, а јас прво ќе кажам од правно легалистички дека доколку го почитуваме правниот поредок и нормите, ние ќе имаме држава, но доколку не го почитуваме – немаме држава и во сите демократски држави е така и основата во демократијата е да се почитуваат правилата, речев Трајко Вељаноски во централниот дневник на телевизијата Сител во саботата вечерта.
„Не смее некој да се удира во гради и да вели дека ја има бројката и ќе прваи онака како што тој сметм дека треба да се прави. Со изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието го прекршија Законот на Собранието, Уставот и Деловникот на парламентот наМакедонија. Го прекршија член 9 од Деловникот, членот 63 од Уставот и согласно Законот собранискиот канал ја пренесува седницата а не можат тие со мобилен телефон да ја пренесуваат. Тие го прекшија и член 80 од став 2 од Деловникот, каде што пишува дека на секој кој побарал збор треба да им се овозможи тоа, и оти додека сите не завршат со зборот не може да се прејде на следната точка. Тие, исто така, го прекршија кворумот, врз која основа увидоа колку има присутни пратеници и колку гласале. Исто така, ги изоставија и службите, и гласањето не беше легитмно. Врз која основа тие утврдија колку гласале ’за’, а колку пратеници биле ’против’ и колку имало воздржани, воопшто колку патеници биле присутни“, запраша актуелниот претседател на македонсото Собрание.
Вељаноски потенцираше и дека во вакви случаи мора да се придржува до правото, зашто во спровитвно политика ќе надвладее и, според него, ќе се случат едни несмасни работи во државата и ќе настане тотален хаос.
„Политиката треба да го следи правото, и тоа не смее да биде над него, бидејќи не може некој да биде претседател на Собрание без да се објави одлука во Службен весник. Вршен е притисок и го избрале Талат Џафери за претседател без да биде објавен во службен весник“, додаде Вељаноски.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=80&v=8MamKTytX-o