На венчавањето на британскиот принц Хари со американската актерка Меган Маркл во мај се очекува дека ќе биде продолжена традицијата којашто започнала пред речиси сто години со венчалниот прстен од велшко злато.
Прабабата на принцот, кралицата Елизабета, мајката на Елизабета Втора, прва го носела венчалниот прстен од злато од Велс кога како Елизабета Ангела Маргарет Боуз Лајон подоцна Кралицата Мајка, кога се мажела за идниот крал Џорџ Шести во 1923 година.
Нејзиниот пример го следела сегашната кралица Елизабета Втора кога се мажела за принцот Филип во 1947 година, а традицијата продолжила и на венчавката на принцот Вилијам и Кетрин Мидлтон во 2011 година.
За венчавката на Меган Меркл редок златен прстен со велшки печат на кој е змејот веројатно ќе го изработи златарницата „Wartsky“ во Лондон, изјави Бен Роберст, извршен директор на „Glogau Gold of Wales“, кој користи злато од истиот рудник од кое им се дарува на членовите на кралското семејство.
Според Робертс, прстенот ќе биде од жолто злато коешто ќе одговара на златото на нејзиниот веренички прстен. Него го дизајнираше принцот Хари и има три дијаманта.
„Гледајќи го нејзиниот веренички прстен, на којшто ќе биде сличен, веројатно ќе биде жолт“, вели Робертс за Reuters.
Кралските личности првпат добиле на подарок велшко злато од рудникот Глогаиу Сент Дејвид во 1923 година. Во 1986 година кралицата добила уште еден подарок од велшко злато од Британската легија од рудникот Гвинффинид кој сега е во сопственост на компанијата „Clogau Gold of Wales“.
Велшкото 24-каратно злато има поголем процент на чисто злато од стандардното 18-каратно злато и дава богата топла боја.