Венецуела: Две лица загинале во судирите со војската близу границата со Бразил

Две лица загинале а петнаесетина се ранети во судирите во петокот со војската на југоистокот на Венецуела, близу границата со Бразил, додека се обидувале да ги спречат војниците, како што мислеле, да го блокираат патот за влегување на хуманитарен конвој, објави невладина организација.

Станува збор за првите смртни случаи поврзани со доставувањето на странската хуманитарна помош во Венецуела, на што се спротиставува избраниот претседател Николас Мадуро.

Насилството избувнало во селот Кумаракапај, на југот од Венецуела, откако локални службеници се обиделе да го запрат воениот конвој кој се движел кон бразилската граница, мислејќи дека војниците имаат намера да го блокираат доставувањето на странската хуманитарна помош по наредба на Мадуро. Конвојот, сепак, влегол во селото, а војници во судирот отвориле оган и убиле брачна двојка, според опозициска невладина организација.

„Им се спротиставивме за да ја поддржиме хуманитарната помош. Тие нѐ нападнаа. Убија невини луѓе кои биле во своите домови, работеле“, изјавил локален функционер Ришар Фернандез.

Венецуелското министерство за информирање веднаш не го коментирал настанот.

Инциденот се случил додека истовремено кога во колумбискиот граничен град Кукута, на крајот од мосто Тиендитас кој ги дели двете јужноамериканските држави, се одвиваше хуманитарниот концерт кој го организираше британскиот милијардер Ричард Брансон. Со концертот се има намера да се соберат 100 милиони долари за помош на оние на кои им недостигаат храна и лекови, а според податоците на германската агенција DPA се собриле десетици илјади жители на Венецуела и Колумбија.

Венецуелската опозиција, која ја предводи самопрогласениот претседател Хуна Гуаидо, сака во сабота овој граничен премин да го искористи за прифаќање на странската хуманитарна помош. Николас Мадуро, кој победи на претседателските избори пред десет месеци, а вториот мандат го започна во јануари, претходно ја прогласи затворена границата на Венецуела кон Бразил, со закана дека тоа ќе го стори и на границата кон Колумбија.

САД испратија помош во Колумбија која стои на границата со Венецуела, а Мадуро ја отфрли помошта велејќи дека тоа е „евтино шоу“ и дека смета на помош од своите сојузници Русија и Кина.

Некои политички аналитичари, како што пренесува Reuters, сметаат дека саботниот рок не претставува решавање на венецуелските хуманитарни проблеми, туку обид да се испита верноста на војската кон Мадуро.

Гуаидо вети дека опозицијата ќе ја донесе странската помош во Венецуела од соседните земји, во саботата и ги повика безбеносните сили да не го послушаат Мадуро и да ја пропуштат хуманитарната помош во државата во која поради блокадите и економската катастрофа недостигаат храна и лекови.

„Мора да идлучите на чија страна сте во овој решавачки моменто. На целата војска: денеска и утре ќе одлучите како какви ќе ве паметат“, напиша на Twitter Гуаидо.