Венецуела ги обвинува САД за саботирање на мировните преговори

Венецуела го обвини официјален Вашингтон дека сака да го саботира дијалогот меѓу владата во Каракас и венецуелската опозицијата која е обновен на островот Барбадос со посредствто на Норвешка.

„По глемиот неуспех на сите облици на агресија на Венецуела, администрацијата (на американскиот претседател Доналд) Трамп сака да го уништи процесот на политички дијалог меѓу владата и опозицијата. Американската владата сака да наметен своја воена агенда“, објави во вторникот на Twitter министерот за надворешни работи, Хорхе Ареаза.

Ареаза е еден од членовите на делегацијата која ја испрати претседателот Николас Мадуро на преговорите со претставниците на венецуелската опозиција чиј лидер е опозицискиот претседател на парламентот и самопрогласен привремен шеф на државата Хуан Гуаидо, кого го признаа САД и педесетина нивни сојузнци.

Претседателот Мадуро инсистираше во вторникот на приближување на ставовите на владата и опозицијата, за да се надмине кризата во Венецуела и „да се постигне мир“.

„Доста е од овој непотребен судир! Доста е од пучеви, заговори, конспирации, доста се повици на воена интервенција“, рече Мадуро во изјавата која ја пренесе државната телевизија VTV.

Ден претходно Мадуро изрази оптимизам по продолжувањето на дијалогото на островот Барбадост, третиот состанок од мај. Два состанока беа одржани во Ослао и не донесоа почувствивтелни резултати.

Мадуро ги обвинува САД дека се одговорни за неуспехот на претходните преговори меѓу владата и опозицијата кон крајот на 2017 и почетокот од 2018 година во Домениканската Република.