Видеото коешто е раширено на неделата на социјалните мрежи покажува група мажи во воени униформи кои велат дека започнуваат вооружен бунт во градот Валенсија „за да ја обноват демократијата“ во Венецуела.
Агенцијата Associated Press пренесе дека било извршен напад врз воена база и оти неколку лица биле уапсени.
Потпретседателот на владејачката Единствена социјалистичка партија на Венецуела, Диосадо Кабељо, „терористичкиот“ напад бил извршен врз воеаната база Парамакаји. Тој на Twitter напиша дека војската преземала оперативни мерки, и оти ситуацијата во базата е под контрола.
Пратеникот Кабељо, оцени дека станува збор за „терористички напад“, а жена која била очевидец во Валенсија, околу два часа возење од главниот град Каракас, изјавила дека ноќта кон неделата по локално време се слушале истрели, пренесе AFP.
Кабељо изјави дека „нерегуларната ситуација“ за којашто претходно рече дека е „терористички напад“ во Валенсија е под контрола.
На интернет беше објавена видео снимка на група мажи во воени униформи кои тврдат дека започнуваат бунт во Валенсија против непопуларниот левичарски претседател Николас Мадуро.