Венцуелските власти во текот на двете изминати седмици продале 13,7 тони злато во вредност од 570 милиони американски долари, и покрај наметнатите санкции од САД, пишува во петокот агенцијата Bloomberg, повикувајќи се на сопствени извори.
Според наводите на соговорниците на агенцијата, властите во Каракас продале околу 9,7 тони злато на 10-ти мај и околу 4 тони на 13-ти мај. Во написот на Bloomberg не се укажува кои земји ги откупиле венецуелските златни резерви.
Вкупно, од почетокот на април, Венецуела продала околу 23 тони злато. Златните резерви на Централната банка на Боливарската Републка сега изнесуваат 7,9 милијарди долари. Како што истакнува агенцијата, станува збор за најниското ниво во последните 29 години. Еден од неименуваните соговорници на Bloomberg нагласил дека средствата од продаденото злато делумно ќе бидат искористени за финансирање на увозот преку секторот за надворешна трговија на Венецуела.
Од 1-ви ноември 2018 година американскиот претседател Доналд Трамп потпиша указ за воведување санкции со цел да ги блокира операциите на Венецуела, меѓу другото, и со резервите од злато. Според тогашната изјава на Белата куќа, Вашингтон има намера да ја спречи владата на левичарскиот претседател Николас Мадуро „да го ограби богатството“ на земјата.
Големата економско-политичка криза се влоши откако на 23-ти јануари челникот на опозицијата и претседател на Националното собрание поставен на должнсота два дена порано, Хуан Гуаидо, во соработка со САД се самопрогласи за привремен претседател на Венецуела. Вашингтон истиот ден го признаа како привремен шеф на државата, на што се приклучија американските сојузници во регионот и светот.