Поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер го посоветува својот сонародник Зинедин Зидан да ја продолжи кариерата во Премиер лигата. Зизу е без работа од крајот на минатата сезона, кога неочекувано го напушти Реал Мадрид, откако го освои по третпат трофејот во Лигата на шампиони.
Зошто да не? Ако сакаш да работиш на повисоко ниво, тоа треба да го правиш во Англија. Иако постојат многу прашалници поради Брегзитот, како тоа дали Премиер лигата ќе ја задржи доминантната позиција на финансиски план. Наскоро ќе дознаеме. Пред него има два избора – или долгорочен проект, кој ќе го развива постепено или подготвен клуб, со кој ќе се бори за титули и трофеи. Јас би ја избрал втората опција”, истакна Венгер.
Само во Англија е можно шест клуба да се борат за шампионската титула во првенството. Во повеќето други земји уште во декември може да се каже кој ќе биде шампион. Во некои земји, на пример во Франција, следниот шампион може да се знае уште во септември, изјави Венгер.