Венус ја елиминира Серена од „Индијан Велс“

Успрешното враќање на поранешната најдобра светска тенисерка Серена Вилијамс, заврши во третото коло од мастерс турнирот во Индијан Велс. Во сестринското дерби Серена загуби од постарата сестра Венус со 2:0 во сетови, во првиот 6:3, вториот 6:4 во гемови.

Серена Вилијамс во претходното коло ја совлада Холанѓанката Кики Бертенс со 2:0 во сетови  .

 

Во осминафиналето Венус Вилијамс ќе игра против Севастова.