Ниедна кавга на АТП турнирите не може да пројде без Ник Кирјос, бидејќи Австралиецот обожува да биде во центарот на внимание и беспотребно да предизвикува. Во текот на мечот меѓу неговиот сонародник и добар пријател, Танаси Кокинакис и Шпанецот Фернандо Вердаско, Кирјос на Твитер напишал:
-Се надевам дека ќе победи Танаси. Вердаско е агресивно момче, мора да е фрустриран поради своите претходни успеси против Австралијците“, алудирајќи на тоа дека Шпанецот веќе два пати изгубил од него.
Сепак, не му се исполнила желбата оти Кокинакис изгубил 2:1 од Вердаско.
Иако подоцна решил да го избрише твитот, тоа го направил доцна оти Шпанецот веќе го прочитал, па му одговорил:
„ Кога веќе имаш храброст да навредиш друг играч со твит, треба да имаш храброст тој твит да не го избришеш.
Кирјос не би бил Кирјос ако неговата не е последна, па, откако, додуша веќе Вердаско го блокирал на оваа социјална мрежа, му одговорил:
-Искрено, се би му кажал на Фернандо во лице. Причина што го избришав претходниот твит е да не привлечам непотребно внимание, па така и ќе го оставам тоа. Ти благодарам што ме блокираше, сигурен сум дека за тоа требало многу храброст“.
И Австралиецот и Шпанецот играат во четвртото коло на турнирот во Мајами, па лесно може да се случи расправијата да ја пренесат и во меѓусебниот меч во полуфиналето, ако стигнат до него.