Вердер се искачи на второто место, нов пораз на Шалке

Во средбата од осмото коло на германското фудбалско првенство, Вердер на гостувањето го совлада Шалке 04 со 2:0, искачувајќи се на второто место на табелата, додека екипата од Гелзенкирхен ја продолжува кризата.

Главен играч на мечот беше Максимилијан Егештејн, кој ги постигна вата гола за гостите. Младиот германски напаѓач донесе водство за Вердер во 43 минута, а победата на својот клуб ја потврди во 66 минута.

Со оваа победа Вердер се проби на второто место на табелата со 17 бодови, три помлаку од лидерот Борусија Дортмунд, додека актуелниот шампион Баерн од Минхен е на третото место има 16 бодови.

Ова коло сигурни ќе го одбележи гостинската победа од 3:1 на Баерн кај Волфсбург, со то ја прекина серијата од четири натпревари без победа, од кои два пораза и две ремија.