Верижен судар на четири автомобили на Илинденска

Четири автомобили учествуваа во судар на улица Илинденска во центарот на Скопје.

Возилата се судриле на потегот од влада кон Фонтаната во градскиот парк.

Три автомобили имаа посериозна штета. Нема информации за повредени.

Полицијата врши увид, а возилата се креваат со пајак за да се ослободи лентата од улицата во која се случила несреќата.