Пет возила се искршиле во верижен судир кој се случил попладнево на автопатот Скопје – Гевгелија, на околу еден километар од граничниот премин „Богородица“.
Нема официјална информација за повредени патници, иако туристи од местото на несреќата за Канал 5 велат дека има повредени.
Сообраќајна несреќа во која учествувале повеќе возила се случи на еден километар пред граничниот премин Богородица на македонско-грчката граница, потврдија во меѓувреме од СВР Струмица.
Според првичните информации има еден повреден, а на местото на несреќата полицијата врши увид.
Сообраќајот е пренасочен и се одвива по стариот пат од Гевгелија кон граничниот премин Богородица.
Повеќе информации за несреќата од СВР Струмица најавуваат за подоцна.