Во последниот натпревар од шестото коло на италијанското фудбалско првенство, Верона со 3:1 го совлада Беневенто напредувајќи на табелата.
Головите за Верона ги постигнаа Антони Барак во 16 и 63 минута, и Дарко Лазовиќ во 77 минута, додека погодокот за гостите го постигна Џанлука Лападула во 56 минута. Беневенто од 72 минута играше без исклучениот Џанлука Капрари.
Верона со победата се приоби на седмото место со 11 бодови, пет помалку од водечкиот Милан. Беневенто остана на 13-то место со шест бодови.