Верстапен најбрз во Монтреал

Canada, 19 June 2022. EPA/ANDRE PICHETTE

Актуелниот светски првак во класата Формула 1, Холанѓанецот Макс Верстапен од тимот на Ред Бул е победник на трката за Големата награда на Канада возена во неделата вечерта во Монтреал, деветтата трка од годинешната сезона.

За 24-годишниот Верстапен ова е 26-та победа во кариерата, шеста оваа сезона и втора во низа. Верстапен во петокот и саботата беше најбрз на тренинзите а потоа и во квалификациите остварувајќи ја 15-та пол позиција во кариерата, а одличниот викенд го заокружи со победата.

Втора со помалку од секунда заостанување беше Шпанецот Карлосн Сајнц од тимот на Ферари, додека третата позиција ја зазема Британецот Луис Хамилтон во болидот на Мерцедес и по големите проблеми со машината беше одушевен со вториот победнички пиедестал сезонава.

На четвртото место беше вториот возач на Мерцедес, исто така Британецот Џорџ Расел, на петтото вториот возач на Ферари, Шарл Леклер од Монако, кој поради промените на делови на болидот мораше да стартува од 19-та позиција. Без пласман остана вториот возач на Ред Бул, Мексиканецот Серхио Перез поради проблеми со моторот.

Верстапен со својата прва победа во Канада се зацврсти на врвот на генералниот пласман кај возачите, со 175 бодови, 46 повеќе од Перез и 49 пред Леклер.

Следната трка ќе се одржи по 14 дена во Силверстон за Големата награда на Велика Британија.

 

РЕЗУЛТАТИ КАНАДА:
1. Макс Верстапен (Ред Бул) 1ч 36:21,757
2. Карлос Саинц Јуниор (Ферари) + 0,993
3. Луис Хамилтон (Мерцедес) 7.006
4. Џорџ Расел (Мерцедес) 12.313
5. Шарл Леклер (Ферари) 15.168
6. Естебан Окон (Алпен-Рено) 23.890
7. Фернандо Алонсо (Алпен-Рено) 24.945
8. Валтери Ботас (Алфа Ромео) 25.247
9. Џоу Гуанју Алфа Ромео) 26.952
10.Ленс Строл (​​Астон Мартин-Мерцедес) 38.222 …

ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН:
1. Макс Верстапен (Холандија) 175 поени
2. Серхио Перез (Мексико) 129
3. Шарл Леклер (Монако- 126
4. Џорџ Расел (Велика Британија) 111
5. Карлос Саинц Јуниор (Шпанија) 102
6. Луис Хамилтон (Велика Британија) 77
7. Ландо Норис (Велика Британија) 50
8. Валтери Ботас (Финска) 44
9. Естебан Окон (Франција) 39
10. Фернандо Алонсо (Шпанија) 22 …

ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН КОНСТРУКТОРИ :
1. Ред Бул 304 поени
2. Ферари 228
3. Мерцедес 188
4. Мекларен-Мерцедес 65
5. Алпен-Рено 61 ..