Верстапен со победа ја отвори сезоната во Ф1

Двојниот светски првак во класата Формула 1, Холанѓанецот Макс Верстапен од тимот на Ред Бул ја започна во неделата новата сезона со победа на трката на патеката Сакар за Големата награда на Бахреин.

Верстапен стартуваше од првата позиција и на крајот суверено победи со 11,9 секунди предност пред клупскиот колега Мексиканецот Серхио Перезе, додека трет беше Фернандо Алонсо во својата прва трка во тимот на Астон Мартин.

За двојниот освојувач на светските првенства ова беше 36-та победа во кариерата, но прва во Бахреин.

„Ова е почетокот на сезоната каков што посакувавме и ни беше потребен. Совршено, прво и второ место“, рече Вестарпен.

Среќен беше и 41-годишниот ветеран Алонсо кој го оствари 99-от пиедестал во кариерата.

„Ова е неверојатно, многу сум горд на сите вас“, му порача Шпанецот на својот тим.

Мерцедес немаше вистински одговор, британскиот двоец Луис Хамилтон и Џорџ Расел трката ја завршија на петтата односно седмата позиција. Кај Ферари Шарл Леклер од Монако не ја заврши трката, а Мексиканецот Карлос Саинц беше четврти.

По првата трка редоследот во генералниот пласман е Верстапен на чело со 25, Пераз има 18, а Алонсо 15 бодови.

Следната трка е на распоредот на 19-ти март во Саудиска Арабија.

РЕЗУЛТАТИ:

1. Макс Верстапен (Хол/ Ред Бул) 1 ч 33:56.736
2. Серхио Перез (Мек/ Ред Бул) 11.987
3. Фернандо Алонсо (Шпа/ Астон Мартин-Мерцедес) 38.637
4. Карлос Саинц Јуниор (Шпа/ Ферари) 48.052
5. Луис Хамилтон (ВБ/ Мерцедес) 50,977
6. Ленс Строл (Кан/ Астон Мартин-Мерцедес) 54.502
7. Џорџ Расел (ВБ/ Мерцедес) 55,873
8. Валтери Ботас (Фин/ Алфа Ромео) 1:12.647
9. Пјер Гасли (Фра/ Алпен-Рено) 1:13.753
10. Александар Албон (Тај/Вилијамс-Мерцедес) 1:29.774..