„Курир“: Верушевски олицетворение на деструктивноста на СДСМ

Верушевски побарал од Велиновска да објави во неделникот Фокус статија во која тој е подготвен да проговори за се што знаел, но и поседувал како незаконски материјал. На тој начин, со закана со компромитација Верушевски го принуди Црвенковски да го помилува неговиот син Александар. Мирка Велиновска тоа не го објави, но затоа веста беше објавена од друг новинар, Ерол Ризаов. Црвенковски под притисок да не дознае народот за неговите валкани работи кои одат од транзицијата, а завршуваат со војната во 2001  година, го помилува Верушевски малиот, за набргу потоа да го испрати Зоран Верушевски во амбасадата на  РМ  во Италија. Со ова Црвенковски  се спаси од Верушевски барем за одредено време. Но не и граѓаните на Македонија.

Помилувањето на малиот Верушевски, доказ за тесните релации со Црвенковски
Помилувањето на малиот Верушевски, доказ за тесните релации со Црвенковски

Мирка не е единствена која ги има слушнато снимките кои ги поседува Верушевски. Ова на јавноста јавно го призна и Љубчо Георгиевски, кој во еден настап посочи дека во станот на Верушевски му биле пуштани материјали, кои Верушевски му ги нудел, за финансиска надомест, на кои снимки имало криминални разговори натогашното раководство на СДСМ.

Пред да биде обелоденет случајот „Пуч“ презимето Верушевски последен пат беше поактуелно во медиумите пред три години. Имено, малиот Верушевски охрабрен од таткото, не престануваше со своите криминални подвизи па така на 22 јануари 2012 сите дневни весници во РМ осамнаа со веста: „Александар Верушевски се обидел да го заколе Србинот Дарко Гошиќ, во тепачката на паркингот кај струшко Пливалиште“.

Случајот „Пуч“ кулминација на кариерата на Верушевски

Кулминацијата во кариерата на Верушевски следеше со случајот „Пуч“. Зоран Верушевски повторно си најде сродна душа и човек со слични сфаќања за политиката како валкана работа во Зоран Заев. Овој пат Зоран Заев требаше заедно со Верушевски да го предводат црното сценарио за кое самиот Верушевски најавуваше дека може да резултира со граѓанска војна и крвопролевање. Тоа не беше проблем ниту за него, ниту за Заев, а ни за другите обвинети во „Пуч“, бидејќи и самите во меѓусебната комуникација која им беше пресретната од полицијата се храбреа дека биле навикнати други да страдале.

prepiskacador-640x373

 

Македонија во 2015 покажа дека не е иста како Македонија во 2000 година. Актерите кои стоеја зад пучот беа откриени и лишени од слобода. Еден од нив ја призна и вината и се спогоди за казна затвор од три години. Другите обвинети одбраа да се бранат со молчење. Меѓу нив и Зоран Верушевски. Тој реши да молчи пред обвинителството и пред судот и за „чадорот“ кој го штител и за „зовривањето, крвопролевањето и граѓанската војна“ која претстои.

За жал Македонија и во 2015 година се уште се соочува со некои од старите предизвици. Специјалниот јавен обвинител Катица Јанева побара Верушевски да биде ослободен од притвор, без да го образложи тоа.