Вештачкото одржување на мнозинството во Собрание е неодржлива ситуација

Јас мислам дека избори треба да има во најкраток можен рок, а тоа според Уставот то е 45 дена, затоа што целокупното одлагање на процесот на предвремени избори, само дополнително и носи штета на Македонија, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во неговото денешно готување во утринаската програма на телевизија Канал 5, запрашан, дали ќе има избори на есен ако нема подигање на бугарската рампа и датум за преговори со Европската унија.

Тој додава дека, ако изборите се организираа уште минатаат година, веднаш после локалните избори, до сега Македонија веќе ќе имаше Влада со полн политички легитимитет, која покрај прашањето со почетокот на преговорите со ЕУ ќе можеше да ги решава и криминалот и корупцијата како и економско-енергетската криза, која покрај движењата во Европа, пред се’ е придизвикана поради неспособната актуелна власт.

„Да се организираа избори кога ние предлагавме, а тоа беше Собранието да се распушти веднаш после локалните избори, затоа што резултатите беа јасни и волјата беше јасна, веќе втората половина на декември ќе имаше избори и сега ќе имамве Влада со полн легитимитет. Која што, покрај ова прашање ќе можеше да го решава и прашањето на организиран криминал и корипција и пред се прашањето на една голема енергетска и економска криза со која што се соочува Македонија. Криза која што делумно е предизвикано поради движењето во Европа, но најголем дел е предизвикана заради неспособноста на актуелната власт, затоа што Македонија има сериозни капацитети за производство на електрична енергија, кои што или не ги користи доволно заради лош менаџмент на тие капацитети“, рече Николоски.

Така што, додаде тој, предвремените избори се нешто кое што мора да се случи, затоа што неодржлива е оваа ситуација на, практично, вештачко држење на моќтта во Собранието.

Николоски додаде дека Македонија е единствената држава која ги злоупотребува европските интеграции, пред се поради останување на власт на актуелната гарнитура, која на секои три до шест месеци постојано ветува дека само што не сме добиле датум за преговори и само што не сме го отпочнале процесот на интеграција во ЕУ.

„Во однос на европските интеграции, Македонија како ниедна друга држава, ги злоупотребува европските интеграции. Нема да најдете втора држава која што станала членка на Европската унија или е кандидат за членство како што е Македонија, која што толку го злоупотребува процесот за евроинтеграции, така на секои три или шест месеци во март ќе добиеме датум, во јуни ќе добиеме датум, во октомври ќе добиеме датум, во декември ќе добиеме датум. Последниот парадокс беше кога поднесовме иницијатива за гласање недоверба на владата во ноември месец, кога добивме одговор од Кастриот Реџепи, кој што беше киднапиран тогаш, дека Македонија ќе добие датум за преговори во декември или во јануари.

Еве февруари дојде, нема ништо од таа работа, а политичката партија Алтернатива, рече дека ќе влезе во владата затоа што ќе има датум за преговори во декември или во јануари. Јас тогаш им кажав дека, дека во декември датум за преговори нема да има, а во јануари може да се добие само датум за скијање. И точно е, дел од владеачката гарнитура, беше на скијање во јануари, но Макеоднија не доби датум за преговори“, истакна Николоски.