![mila carovska](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/08/mila-carovska.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Продолжуваме со образование и прашањата на кои се’ уште нема одговори, напиша на својот фејсбук профил доктор Весна Јаневска.
1. Знае ли министерката дека се крши закнот и има комбинирани паралелки со по 4 паралелки?
2. Знае ли Министерката дека наставникот во комбинирана паралелка со три паралелки, треба да направи 3 годишни програми, три дневни подготовки, 3 неделни, 3 месечни планирања и така натаму се’ од „намалените административни обврски“?
Министерке како ќе ги решите овие проблеми? Упатства и напатствија нема, секој се снаоѓа како знае и умее.
Одлична реформа, нема што.
Денес е 25 Август, точно 6 дена пред почетокот на учебната година – вели таа.