Вест Хем го совлада Борнмут

Фудбалерите на Вест Хем го совладаа Борнмут со 2:0 во натпреварот од 13-то коло од англиската Премиер лига.

Стрелци за Вест Хем беа Курт Зума во 45 и Мохамед Саид Бенрама во втората минута од судиското продолжение на натпреварот.

Вест Хем со оваа победа дојде до четврта првенствена победа сезонава и се наоѓа на 10-то место со 14 бодови, а додека Борнмут на 14-то место со бод помалку.