Вестагер најави – ЕУ од јули ги враќа старите правила за државна помош

Периодот на ублажени правила за државна помош во Европската унија што им овозможи на владите на државите-членки да распределат повеќе од три илјади милијарди евра помош за компаниите поради кризата со коронавирусот завршува на 30 јуни, соопшти денеска Европската комисија.

Според податоците на земјите од ЕУ, од средината на март 2020 година до крајот на јуни 2021 година биле потрошени околу 730 милијарди евра од одобрениот износ.

„Подобрувањето на економската ситуација благодарение на олеснувањето на ограничувањата е главната причина зошто решивме да не ја продолжиме привремената рамка за државна помош за Ковид-19 по 30 јуни 2022 година“, изјави еврокомесарката Маргрете Вестагер.

Мерките за поддршка на инвестициите ќе останат во сила до крајот на тековната, а мерките за поддршка на солвентноста до крајот на следната година.

Европската комисија, исто така, најави дека наредните месеци ќе одлучи дали ќе и по 31 декември ќе ги продолжи олабавените правила за државна помош за компаниите што трпат последици од санкциите против Русија.