Ветените проекти во населбата Ченто не се реализирани, се пожалија граѓаните на Арсовска

Независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска ја посети населбата Ченто во општина Гази Баба.

Граѓаните на оваа населба отворено зборуваа за општинските проблеми што ги имаат и што им го загрозуваат секојдневието. Неасфалтирани улици, немање доволно паркинг места и граѓаните ги оставаат своите автомобили на улиците, со што се создава хаос во сообраќајот, кога врне дожд пливаат по улиците, неосветлени улици, лошата поврзаност со центарот на градот и високата загаденост на воздухот се само дел од проблемите кои ги посочија граѓаните. Тие исто ги кажаа и ветувањата кои ги имале од актуелниот градоначалник, како ревитализација на игралиштето, расчистување на депонијата, рушење на дивоградбите, ново училиште, но ниту еден од овие проекти не е реализиран.

„Потребно е итно решавање на актуелните проблеми, не треба да чекаме туку да започнеме веднаш. Ние имаме конкретни решенија за оваа општина и истите ќе ги имплементираме во најкраток можен рок. Ќе ги поврземе општините Гази Баба и Аеродром и со ова ќе осигураме полесен пристап и растеретен сообраќај. Во Гази Баба е планиран и голем мега парк. Во сите населби во општината ќе ги обновиме постојните и ќе создадеме нови пешачки и велосипедски патеки, ќе направиме фекална канализација, посочи Арсовска пред граѓаните на општината и најави дека ова се само дел од проектите од нејзината програма.