Ветераните на СДСМ застанаа зад Димитриевски, формирана иницијатива „За наше Куманово“

Ветераните од СДСМ Куманово, вечерва дадоа поддршка за кандидатурата на независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски и носителката на листата за советници Ивана Ѓорѓиевска, информираат од иницијативата „За наше Куманово“.

– Првиот штаб на иницијативата „За наше Куманово“ којшто вечерва се отвори е „Штабот на ветераните“ во Центар. Тие му порачаа на идниот градоначалник да продолжи со макотрпната работа и менаџирањето на
градот, да го унапреди и развие во почист и похуман град за сите граѓани – информираат од штабот.

На локални избор независната иницијатива „За наше Куманово ја предводи актуелниот градоначалник Максим Димитриевски, заедно со 33 предлог кандидати за советници.