Американката Медисон Кис ќе игра во полуфиналето на УС Опен откако во четвртфиналната пресметка славеше со 2:0 против Шпанката Карла Суарез Наваро со 6:4, 6:3 по 84 минути игра.
Во полуфиналето Медисон Кис ќе се сретне со Јапонката Наоми Осака која беше подобра од Украинката Цуренко.
Шпанската ветеранка одигра фантастичен турнир во Њујорк, ги елиминираше Шарапова, Гарсија, Младеновиќ, но немаше сили против разиграната домашна тенисерка.
Па така младата Американка полесно од очекуваното избори уште едно Грен слем полуфинале. Кис првиот сет го доби откако двете тенисерки беа блиску да го одземат сервисот на другата, но таа направи брејк во десеттиот, најдолгиот гем за водство од 6:4 . Во вториот сет Американката не и дозволи многу прилики за брејк на Наваро, а таа ја искористи втората па лесно го освои и вториот сет.
Второто полуфинале ќе го сочинуваат Серена Вилијамс и Анастасија Савестова.