Ветрот повторно го разгори пожарот на Крит

Ветерот повторно го разгоре големиот шумскиот пожар на грчкиот остров Крит, за кој противпожарната служба претходно во саботата објавија дека е ставен под контрола.

Пожарот повторно избувнал во близина на населбата Агион Василиос, близу градот Ретимна. Жителите на повеќе куќи морале да бидат евакуирани, објавија грчките медиуми. Во текот на денот на местото на пожарот пристигнале 132 пожарникари со 40 противпожарни возила со хеликоптерска поддршка. Втор пожар избувнал во близна на пристанишниот град Хераклион.

Претходно грчкото министерство за климатска криза и заштита на населението предупреди на „многу висок ризик од шумски пожари“ во пет региони на земјата. Нивото на предупредување на четвртото од вкупно петте нивоа, а се однесува на регионот Атика со главниот град Атина, како и на островите Еубеја, Крир, Киос и Самос, меѓу другите. Власите апелираа на граѓаните под никаков услов да не палат оган на отворени простори.