Вевчани е подготвено да биде домаќин на карневалот кој ќе се одржи на 12, 13 и 14 јануари. Програмата оваа година ќе започне на отворена театарска сцена каде ќе бидат споени паганските обреди и современиот свет. Новина за оваа година ќе биде подготовката на традиционална храна од Бранко Попоски. Маските што се чуваат во тајност една година ќе бидат откриени на 13 јануари, а утреденета според паганските ритуали ќе бидат изгорени за да се уништи злото.
Од 1993 година, Вевчани е дел од Светската асоцијација за карневали и секоја година ја посетуваат 10 до 20 илјади луѓе од 50 различни земји во светот. Иако општината нема капацитет да прими толку голем број посетители, градоначалникот на Вевчани вели дека близината на Струга и Охрид го решава овој проблем.