За сите двојки кои поради разделеноста немаат можност да уживаат во вистински секс, овој март би требало да се појави „BlueMotion“ масажер. Во прашање се женски гаќички со вграден вибратор кој со помош на блутут систем се поврзани со апликацијата „OhMiBod“ на паметниот телефон на партнерот.
„Современиот начин на живот, честопати знае да ги оддалечи партнерите, но сега постои гаџет кој им помага повторно да се спојат. Забавна е идејата некој да може сексуално да ве задоволува било каде и било кога и тоа со помош на мобилните телефони. Задоволството има нова фрекфренција,“ порачуваат Брајан и Суки Данам, креатори на овој мултимедијален уред кој во понеделникот беше претставен во Лас Вегас.
„OhMiBod“ апликацијата за андроид и iOS и овозможува различни контролни режими, вклучувајќи и „допри и уживај“ контрола на брзина, гласови, снимање и друго. Јачината на вибрациите е бесконечна, а лесно се контролира со копчињата од страна на телефонот.
Како што се најавува цената на еден комплет на „BlueMotion“ масажерот што се состои од еден пар гаќи, вибратор со блутут и апликацијата ќе биде 129 долари.