Видал смета дека парите кои се трошат на трансфери се вртоглави високи и нереални. Чилеанецот тврди дека поедини фудбалери би требало да прават чуда на теренот, како на пример да постигнуваат по три гола секој натпревар за да ги оправдаат средствата вложени при нивниот трансфер.
Тоа е навистина ненормално. Фудбалерите се прескапи, речиси е невозможно да ги вратат вложените пари низ нивните партии. Би требало да даваат по три гола на натпревар. Според моето мислење, фудбалерите би требало да чинат помалку, изјави Видал.
Тој додаде дека многу му се радува на натпреварот против Леверкузен во Бундеслигата.
Тоа е посебен натпревар за мене бидејќи Леверкузен беше првиот клуб кој ми даде шанса да играм во Европа. Но, се надевам дека ќе играм добро на тој натпревар, како и во текот на целата сезона за да допринесам кон освојувањето на титулата со Баерн Минхен, изјави Видал.
Видал летово се пресели од Јувентус во Баерн за сума од 40 милиони евра. Интересно мислење на чилеанскиот репрезентативец…