(ВИДЕО) Американец ѝ дал на верверичка метамфетамин за да биде поагресивна

Полицијата во американската јужна сојузна држава Алабама, во понеделникот наишле на несекојдневен призот во текот на претрес на еден стан – верверичка дрогирана со метамфетамин.

Станариот, 37-годишник кој бил уапсен за поседување дроги рекол неговиот две години помлад пријател кој е во бегство сакал „борбената верверичка“ која ја држел во кафез, да биде агресивна, изјавил за локалниот весник The News Courier, канцеларијта на шерифот на округот Лимстоун.

Законот во Алабама забранува држење диви животни, па верверичката е пуштена на слобода по препорака на службениците од бирото за заштита на природната околина.

„Отрча во шумата и не ги нападнала полицијаците кога ја пуштиле“, напиша кацеларијата на шерифот на Facebook. Се додава притоа дека верверичката не можела „безбедно да биде тестирана на дроги“.